2 коментари 1 мин. читање

Twitter најави дека наскоро ќе споделувамe видеа внатре во твитовите

Наскоро ќе може да вметнувате видеа внатре во вашите твитови благодарени на Vine, компанија која Twitter ја купи во октомври. Наместо да стои само линк до видеото во твитот, со Vine сега може да се интегрира видеото и да се прикаже веднаш, исто како што се прави и со сликите. Вакво интегрирано видео ќе му даде добра позиција на Twitter да стане конкурентна видео апликација, бидејќи корисниците ќе можат брзо и лесно да споделуваат кратки видеа. Според раните извештаи се очекува да има лимит од 6 секунди на видеата, но тоа се само претпоставки во моментот.

Првиот твит со интегрирано видео беше споделен од Дик Костоло, директорот на Twitter. Сите останати корисници ќе ја добиваат оваа можност во наредниве недели, можеби уште утре. Видеото во твитот е непрекинато, но доколку замара само кликнете на него и ќе се паузира. Сепак ова е тест и би очекувале наскоро да видиме и копчиња за стартување и стопирање на видеото. Во моментов има само копче за звук.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top