0 коментари 2 мин. читање 24 јануари, 2013

Google претстави ново, побрзо и поубаво пребарување на слики

Google го промени интерфејсот на Image Search за да понуди полесно прегледување на фотографиите. До сега ви требаа неколку чекори да отворите слики, пример, со ставање на глувчето на сликата се појавуваше помала верзија, а со кликање на неа се отвараше целата фотографија. Сега ќе ви се прикажуваат целите слики, а над нив, една до друга, ќе бидат подредени другите слични слики, без потреба да се вчитува сајтот кој ја хостира сликата или да ја напуштате страната со резултати на Google.

„Изворната страна веќе нема да се вчитува во iframe-от во позадина. Ова ќе го забрза искуството на корисниците, ќе го намали оптеретувањето на серверите на изворната страна, и ќе ја подобри точноста на метриката како што се прегледите на страни.“, вели Google на својот блог.

Според Google, редизајнираното пребарување е побрзо, поубаво и пофункционално. Тоа што е додадено е што од десната страна ќе има место за мета податоци кои ќе го содржат линкот на сликата, но можеби и опис и кој ја фотографирал. Најдолу на тоа поле стои дека сликата „можеби е заштитена со авторски права“, што би требало да е индикатор да не се крадат фотографии без да се проверат правата.

Ова пребарување ќе биде достапно за сите кориснции во наредниве денови.

Новото пребарување на фотографи:

Старото пребарување на фотографии:

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top