0 коментари 2 мин. читање 30 април, 2015

Oд личен шофер, Uber сега станува и личен доставувач на продукти

Иако стартуваше со идеја да биде „личен шофер на секој“, и откако успеа да го поремети светскиот такси бизнис, Uber сега планира нов сервис со кој ќе постане „сечиј личен доставувач“, јавува TechCrunch кој стигна до документи од тренинг програма за возачите. Според најавата станува збор за услуга која доколку продуктот е достапен локално ќе овозможи транспорт во истиот ден, а се разбира цената за одстава ќе биде додадена.

Стартапот во моментов преговара со над 400 трговци кој се заинтересирана за соработка со Uber. Возачите на компанијата би ги доставувале купените производи истиот ден, за сега нема потврдени информации, но официјално сервисот веќе е во тест фаза или преговори со Neiman Marcus, Louis Vuitton, Tiffany’s, Cohen’s Fashion Optical и Hugo Boss.

Услугата би била потполно независна од моменталниот „такси“ превоз, и за порачки ќе се користи нова независна апликација, која во моментов возачите ја тестираат и на посебен телефон. Тоа што е најавено на документите е дека во иднина возачите ќе можат да завршат неколку работи истовремено, на пример да превезат патник и да извршат неколку достави доколку рутата на возење го дозволува ова. Не е исклучена достава од поевеќе сервиси на Uber истовремено како Uber Eats, Uber Households и сите слични сервиси.

Слична услуга Uber веќе нуди во соработка со Sprint, за сега единствено за неколку брендови. Сепак разликата е во тоа што во моментов сервисот е од Spring кој е своевидна платформа за продавачите, а дел од доставата е преку Uber Rush.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top