Новата верзија на Android N Developer Preview е достапна за сите развивачи кои сакаат да започнат со прилагодување на своите апликации, но и за љубопитните корисници и Android ентузијасти кои сакаат нешто порано да ја видат новата верзија на оперативниот систем.
Оперативниот систем ќе биде достапен преку надградба од Google, а ќе можат да го користат сите корисници на: Nexus 6, Nexus 9, Nexus 5X, Nexus 6P, Nexus Player, Pixel C и General Mobile 4G (Android One). Најавата за верзијата развивачи доаѓа со потсетување дека сепак не станува збор за верзија која е прилагодена за обичните корисници.
Промената во начинот на дистрибуција на тест верзијата на оперативниот систем е да се зголеми бројот на девелопери што е можно повеќе. Дополнително производителите на Android уреди ќе можат да порано да се подготват за надградбата на оперативнитот систем. Иако првата верзија на Android N е достапна во март, официјално оперативниот систем ќе биде достапен на лето.
Една од промените на новиот Android е можноста за поделба на екранот и отворање на две апликации една до друга. Слично за апликациите кои се користат за репродукција на видео ќе можат да се користат „слика-во-слика“. Ова е одлична вест за корисниците на таблет компјутери на кои за работа им е потребно постојан пристап до повеќе од една апликација. Новитет ќе биде и можноста за одговорање на извесtувањата на нотификациите, директно од нотификациите, јавува Verge.
[…] сето што го знаевме за Android N досега, тешко беше да се претпостави дека виртуелната […]