Денес е последната ден на поддршка за Windows 7 оперативниот систем. Microsoft ја прекинува поддршката за постариот оперативен систем за да може да се фокусира на поновите верзии на Windows, а корисниците на Windows 7 ги повика да се префлат на актуелниот оперативен систем Windows 10. За корисниците ова значи дека нема надградби ниту безбедносни закрпи за оперативниот систем, иако во минатото Microsoft покажа дека во случај на исклучителна опасност сепак е подготвен да направи отстапка во ова правило.
Windows 7 излезе на 22 јуни 2009, а сепак десет години подоцна 1 од 4 корисници сè уште го користат овој оперативен систем. Компанијата со издавањето на Windows 10 и-
м понуди бесплатна надградба на сите сопственици на Windows 7 оперативниот систем, но по се изгледа добар дел од корисниците не ја искористиле оваа понуда.
Најголема пречка за надградбата често е софтвер кој не е прилагоден за новите верзии на оперативниот систем. Иако Microsoft работи на оваа компатибилност, речиси и да е невозможно да се гарантира дека секој софтвер ќе работи идентично и без проблем како на постариот оперативен систем. Дополнително за големите компании надградба на целиот оперативен систем може да значи и дополнителна инвестиција за хардвер.
За корисниците кои поради било која причина не можат да го променат оперативниот систем, крајот на поддршката не значи и крај на користењето. Windows 7 и натаму може да се користи, но без надградби и безбедносни закрпи, нема да биде безбедно. Безбедноста секако ќе се намалува како што ќе одминува времето, па можеби и не е лоша идеја да се разгледаат сите опции за надградба на оперативен систем.
Интересно е што крајот на поддршката за Windows 7 доаѓа дури 4 години по крајот на поддршката за Windows 8 оперативниот систем за кој надградбите завршија во 2016.