Од 2024 Mastercard ќе започне со повлекување на картичките со магнетна лента

во Свет

Бесконтактното плаќање и картичките со чип се иднина на безбедното  плаќање. Гигантот Mastercard објави дека од 2024 ќе започне да ги повлекува картичките со магнетна лента. Ако сè се одвива според планот до 2033 платежните картички со магнетна лента ќе бидат заменети и повлечени.

Промените најпрво ќе започнат на пазарите кои се подготвени, а на пазарите на кои картичките со чип не се доволно прифатени, промените започнуваат подоцна. На пример во САД картичките ќе започнат да се менуваат во 2027 година, а во Европа која е еден од регионите каде картичките со чип се широко прифатени промените започнуваат 2024. Од 2029 година Mastercard ќе престане да издава платежни картички со магнетна лента, а до 2033 воопшто ќе нема вакви валидни картички.

Првите картички со чип се претставени 1960 во Франција, но многу долго време не беа прифатени. Главна причина за ова е нестандардизираноста на терминалите, па различни картички не работеа со различни терминали. Од 1990 и креирањето на EMV стандардот, картичките со чип се широко прифатени. Дури 86 отсто од сите трансакции во живо на глобално ниво се со помош на EMV чип.

Иако платежните картички со чип се наследник на магнетните ленти и нудат поголема безбедност голем дел од корисниците веќе се подготвени за следниот чекор, бесконтактно плаќање. Ова е овозможено со платежни картички, но и со трансакции преку паметни телефони. Отклучувањето на плаќањето со биометриски податоци, без разлика дали е преку картичка или преку Apple Pay или Google Pay, во моментов  е најбезбедно.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments