Oculus Rift сака да ја донесе виртуелната реалност во сите други игри

Oculus Rift VR ќе додаде поддршка за издавачите на видео игри. На чело на овој оддел на стартапот е Девид Демартини, кој до неодамна беше со слична функција во EA Games. Целта на компанијата е да стапи во партнерство со издавачите на видео игри што ќе овозможи најдобар можен продукт за виртуелна реалност која ја нуди Oculus.

„Тоа што го работам во Oculus не се разликува од функцијата која ја имав седум години во ЕА со ЕА Partners програмата. Се обидувам да дознаам како да оствариме партнерство со големите издавачи, малите издавачи, па се до индивидуалните креатори кои сакаат да направат одлична игра со Rift“, вели г. Димартино во интервју за Gamasutra.

Oculus Rift е сет за виртуелна реалност кој ќе се обиде да ги популаризира VR-игрите. Покрај игрите Oculus ќе нуди можност за следење на IMAX филм, концерти или едукација. Токму понудата на вакви разноврсни продукти е основна цел на одделот за издаваштво на г.Демартини.

„Минатата недела собравме пари кои ќе ни помогнат да се разграниме. Зато ќе го составуваме тимот кој ќе овозможи подршка за девелоперите кој ќе ја придвижуваат платформата напред“, вели г. Демартини алудирајќи на 75 милиони долари кој ги собра стартапот за реализација на својата идеја.

[youtube]HaMSFBBGtKU[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments