0 коментари 1 мин. читање 20 декември, 2013

Oppo N1 e првиот CyanogenMod телефон кој доби официјално одобрување од Google

Oppo N1 е првиот паметен телефон кој официјално ќе се испорачува со CyanogenMod, алтернативна Android верзија која дозволува поголема персонализација. Cyanogen Inc. доби одобрување од Google, oткако ги помина тестовите за компатибилност, што значи дека Oppo N1 го има првиот CyanogenMod уред со официјален пристап до Google Play Store, и легитимно користење на апликации од Google.

5,9-инчниот телефон ќе се појави во продажба од 24-ти декември по цена од 450 евра за стандарден модел од 16 GB. Покрај оперативен систем кој е отворен за поголема персонализација, Oppo N1 има и ротирачка камера од 13 мегапиксели, 1.7 GHz процесор, 2 GB RAM и Adreno 320 GPU.

[youtube]57-eYE6kOQQ[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top