No More Woof ќе ви го преведе секое лаење и цивкање на вашето куче

во Свет, Хардвер

No More Woof е проект на Nordic Society for Invention and Discovery чија цел е да го преведе секое лаење, зевање и цивкање на кучињата во разбирлив говор. Засега проектот е сè уште во фаза на прототип, но првите модели може да се порачаат и да се помогне во развој на проектот на Indiegogo. Уредот е составен од интерфејс помеѓу мозокот на вашето милениче и микро-компјутерот Raspberry Pi. Апаратурата ќе ги преведува мозочните сигнали кои ги добива од миленичето во разбирливи реченици.

„Дали некогаш сте се запрашале што навистина мислат кучињата? Сега може да откриете! Откријте ги желбите на вашите миленичиња. No More Woof – Му дозволува на вашиот миленик да каже што мисли!“

Во план се неколку верзии на уредите, а нивната цена ќе се движи помеѓу 650 и 1.200 долари. Основната верзија ќе овозможува да дознаете кога вашето милениче е заморено, гладно или љубопитно, но пософистицираната верзија освен што ќе се изработува во боите на миленичињата, ќе овозможува и подобра интеракција. Верзијата која чини 1.200 долари има „алгоритамски учење“, па со текот на време ќе дознаете кога вашиот миленик ви вели „гладен сум – но ова не ми се допаѓа!“. Слушалките кои корисниците ќе им ги ставаат на своите кучиња изгледаат смешно, но доколку помагаат подобро да ги разбираме нашите миленици можеби изгледот не е преголема цена која ќе треба да ја платиме.

[youtube]CweAeshjObA[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk