Oculus Rift ги внесе фановите во виртуелната реалност на Game of Thrones

во Свет

Излoжбата на HBO одржана на SXSW, понуди нова, интересна и нешто поразлична примена на Oculus Rift. Посетителите можеа кратко време да влезат во Вестерос користејќи го Oculus Rift и дел од специјалните ефекти кои ги нуди технологијата. „Качување по Ѕидот“ е дел од промоцијата на популарната серија Game of Thrones, изработена по книгата на Џон Р. Р. Мартин. Освен Oculus кој е задолжен за добар дел од искуството, тука се и ефектите кои даваат чувство на движење во лифтот и вентилацијата која овозможува да се почувствува северниот ветер.

„Влегувате во лифтот и за последен пат погледнувате во дворот на Castle Black пред да започне качувањето кое ќе ви ги растресе коските и ве подига 700 стапки, оставајќи ве на ладниот ветер на Ѕидот. Тогаш, како што ќе ги здогледате светлата на двата фекели во далечина, го слушате и звукот на два рога на стражарите. Wildlings доаѓаат “, CNN го опишува единственото искуство кое го нуди Oculus.

Што се однесува до Oculus, се чини дека посетителите на изложбата на Game of Thrones не се единствените кои го чекаат во редица. „Oculus Rift е нешто со што едвај чекаме да направиме вистински проект. Има целосно нова начин за раскажување кој треба да се научи… Веќе рaзгледуваме нови проекти“, изјави режисерот Мајк Вудс за The Next Web.

[youtube]nXBw-FxXUgE[/youtube]

[youtube]LP6Y6kihp_Y[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments