Култниот Даглас Адамс ги предвиде е-книгите уште во 1993-та година

Даглас Адамс знаеше за електронските читачи и е-книгите уште во 1993 година, далеку пред тие да бидат тренд како што се денес. Авторот на култната „Автостоперски водич низ галаксијата“ во кратка аудио порака ја објасни еволуцијата на книгите, од камени плочи, преку хартија до силициум и е-книгите. Аудио пораката е доволно инспиративна за Literally Platform кој организираше натпревар во кој ги покани сите заинтересирани да креираат кусо видео кое ќе ја анимира аудио снимката на култниот автор. Иако за е-книгите се зборуваше уште пред 1960 година, дури и во 1993 предвидувањето на г. Адамс беше револуционерно. Развојот на Интернетот го овозможи и забрзаниот развој и популарност на е-книгите, па како што се вели во едно од видеата, тие станаа далеку полесни за користење со можност да се носи цела библиотека во џеб, и со тоа им остана омилени на читателите. Подолу се неколку кратки видеа кои ја анимираат аудио пораката.

[youtube]YT7u5cCqOOM[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments