Kaко што се очекувше, Google наскоро ќе го објави Compute Engine, сервис што нуди облак инфраструктура како Amazon Web Services. Овој сервис на Google ќе работи на Linux виртуелни машини кои развивачите на апликации и бизнисите ќе може да ги користат за хостинг, складирање на податоци или како сервис за апликации за кои им е потребна екстремна компјутерска моќ.
Google со своите 771.886 јадра, денес опслужува повеќе од 1 милион апликации, преку 7,5 милијарди пристапи на ден, а бројот на јадра редовно се зголемува. На Google I/O беше претставена слика на која можеше да се види дека апликацијата Genome Explorer од Институтот за системска биологија искористила 600.000 јадра.
Според г. Холзл, Compute Engine може да понуди „50 проценти повеќе пресметки за долар“ отколку конкурентските Amazon Web Services, Rackspace, SoftLayer и Azure од Microsoft.
„Ние цела декада работевме напорно за да ја намалиме цената, а сега нашите заштеди ви ги даваме вам“, изјави Холзл при претставувањето на цените.
mislam deka vo ova pole google ke uspeat, bidejki im e blisku, a celosno treba da se otkazat od proekti kako g+