Објавена е алатката за декодирање на Windows RT

Откако претходно излегоа информациите дека Surface RT таблетот на Microsoft може да биде декотиран за на него да работат десктоп апликациите, сега е објавена и алатка која го декодира таблетот. Windows RT jailbreak алатката е изработена од netham45, и објавена на форумот на XDA Developers. Ова не е нов безбедносен пропуст туку само гo автоматизира користењето на кернел пропустот кој го објави @Clrokr.

Со оглед на тоа дека Windows RT се реинстаилра на основната верзија од партицијата на Surface таблетот, секоја закрпа од Microsoft која ќе го затвора пропустот успешно може да биде отстранета со реинсталирање на оперативниот систем. Од друга страна  секој пак кога ќе се подигне таблетот ќе треба повторно да го декодирате, бидејќи Surface таблет компјутерите се подигаат со Secure Boot.

Одговорот на Microsoft на безбедносниот пропуст е дека не претставува опасност за Windows RT корисниците, пред се бидејќи најголем број од нив немаат доволно техничко познавање, но  и потреба за да ги прават овие промени. Притоа Microsoft нагласува дека Windows Store е единствен начин на за инталација на RT апликации. Освен тоа „продавницата“ има механизми кои ги заштитуваат корисниците од малициозен софтвер, пренесува The Next Web.

Иако можеби и не изгледа најдобро за Microsoft, сепак ова може да е добар развој на настаните за Surface RT.  Најпрво ова ќе го олесни декодирањето на таблетот, што ќе допринесе „портирањето“ на десктоп апликации за RT да стане популарно, а колку повеќе апликации толку е подобар и таблет компјутерот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments