Оперативниот систем од Mozilla е спремен да се појави на пазарот. Како што пренесува BBC, од ZTE изјавиле дека се во преговори со операторите за продажба на нивните Mozilla Firefox паметни телефони.
Извршниот директор на ZTE, Ченг Ликсин, изјави дека уредите би можеле да се појават и на амеиканскиот пазар, а целата битка што ќе ја води овој мобилен оперативен систем и паметните телефони кои ќе работат на него е, е во ефтината класа на паметни телефони.
Првите уреди кои ќе работат на Firefox OS се Alcatel и ZTE. Оваа платформа ќе биде отворена за сите, бидејќи Firefox OS е базиран на HTML5 технологијата, што значи и дека сите апликации развиени за овој оперативен систем ќе работат и преку било кој прелистувач. Доколку сакате да го тестирате Firefox OS на вашиот компјутер, прочитајте овде или погледнете како ќе изгледа.








