Обединување на сите гејминг клиенти со Galaxy 2.0

Не толку одамна, пишувавме за војната на клиентите и за моментната ситуација каде просечниот гејмер се шета низ десетици клиенти за да може да си ги игра игрите. Продавница за DRM-Free игри, GOG, планира интересна надградба на нивниот клиен, втора верзија која ќе ви дозволи да имате пристап до сите игри, достигнувања и пријатели од само една појдовна точка.

Galaxy 2.0 планира да ги интегрира сите ваши библиотеки со игри и листи од пријатели не само од PC, туку и од конзолите. Преку клиентот ќе можете да добиете преглед на целиот ваш гејминг отпечаток и директно да вклучувате игри од GOG, но и од Steam, Origin, Epic Store, и слично. Ќе имате и пристап до сите ваши достигнувања, увид во времето посветено на игрите, како и која игра на која платформа ја имате. Galaxy 2.0 ветува да ги обедини сите ваши пријатели од сите клиенти на кои имате акаунт. Можете да видите кој пријател која игра и на која платформа ја игра, колку часови поминал со неа, какви достигнувања отклучил, и многу повеќе.

Во моментот клиентот не може да се провери, но доколку се регистрирате на официјалниот сајт, ќе бидете повикани да ја проверите затворената бета. Што побргу се регистрирате, тоа побргу ќе бидете повикани.

Со ваквата имплементација, почнуваме да мислиме дека крајот на GOG Connect е блиску. Со оваа услуга можете да регистрирате игри кои ги имате на Steam за да добиете DRM-Free копија на GOG. Во последно време, таквата услуга е сè поретка и поскромна. Дознавање за Galaxy 2.0. нѝ кажува зошто е тоа така.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments