МАСИТ: Надминати се недоразбирањата за оданочување на фирмите кои работат за странство

На барање на МАСИТ, Собранието на Република Северна Македонија го донесе автентичното толкување на член 14 од Законот за данок на додадена вредност. Со автентичното толкување се надминати дилемите околу местото на оданочување за различни ИТ услуги. Местото на оданочување се дефинира според местото на настанување на услугите при што уште со донесувањето на законот во 1999 година местото на настанување на услугите од информатичка технологија и за релевантно се смета местото каде се наоѓа корисникот на услугата.

„Потребата од автентичното толкување се појави поради проблемот со начинот на оданочувањето на најразлични видови ит, маркетинг, административни и слични услуги кои не беа соодветно третирани од аспект на член 14 од законот за данок на додадена вредност при пласманот на истите во странство“, објаснуваат од МАСИТ.

Текстот на автентичното толкување објавен во Службен весник на РСМ, бр. 96 од 17.5.2019 година.

Еве го текстот на автентичното толкување на Законот за данок на додадена вредност:

Врз основа на членот 68 став 1 алинеја 2 од Уставот на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 16 мај 2019 година, даде

АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВАЊЕ НА ЧЛЕНОТ 14 СТАВ 3 ТОЧКИ 1 И 5 OД ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА  РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ БРОЈ 44/1999, 59/1999, 86/1999, 11/2000, 93/2000, 8/2001, 31/2001, 21/2003, 17/2004, 19/2004, 13/2006, 33/2006, 45/2006, 101/2006, 114/2007, 103/2008, 114/2009, 133/2009, 95/10, 102/10, 24/11, 135/11, 135/11, 155/12, 12/14, 112/14, 130/14, 15/15, 129/15, 129/15, 225/15, 23/16 И 189/16)

Одредбата на членот 14 став (3) од Законот за данокот на додадена вредност гласи:

„(3) По исклучок од став 1 на овој член, за место на прометот на услугата се смета местото во кое корисникот на услугата има вистинско седиште или подружница за кои услугата била вистински извршена, или доколку такво место не постои, неговото постојано живеалиште или престојувалиште, кога се работи за следниве услуги:

  1. Услуги на полето на рекламата и работа со јавноста;
  2. Банкарски и финансиски услуги и услуги на осигурување и реосигурување, освен изнајмувањето сефови;
  3. Преземање обврска за делумно или целосно воздржување од вршење на некое дејствие или да се трпи некое дејствие или состојба;
  4. Правен, економски и технички консалтинг, особено дејностите на нотари, адвокати, ревизори, даночни советници, сметководители и инженери, како и други слични дејности;
  5. Услуги на електронска обработка на податоци и давање информации, вклучувајќи know-how и експертиза;
  6. Обезбедување персонал;
  7. Изнајмување движен материјален имот, освен на сите видови превозни средства;
  8. Телекомуникациски услуги;
  9. Пренос и отстапување авторски права, патенти, лиценци, заштитни знакови и други слични права;
  10. Услуги на посредување во врска со услугите од овој став и
  11. Обезбедување на пристап до мрежата на електрична енергија во случај на загушување на соодветна алокациска единица при доделување на прекуграничните преносни капацитети на интерконективните водови.“.

Одредбата на членот 14 став (3) точка 1. треба да се толкува, така што, под услуги на полето на рекламата и работа со јавноста, се подразбираат и следниве услуги: услуги за грижа на корисниците во насока на унапредување на продажбата, дигитален маркетинг, таргетирање на потенцијални клиенти, креирање на промотивен материјал, менаџирање на социјални медиуми (креирање, поддршка и извршување на стратегија).

Одредбата на членот 14 став (3) точка 5. треба да се толкува, така што, под услуги на електронска обработка на податоци и давање информации, вклучувајќи know-how и експертиза се подразбираат и следниве услуги: техничка поддршка за сетирање на софтвер, техничка поддршка за сетирање на хардвер, далечински автоматизирани Службен весник на РСМ, бр. 96 од 17.5.2019 година 2 од 2 технички услови, интервенција во бази на податоци: внес, дополна, измена, управување, ажурирање на податоци на веб страницата, позадинско административно работење, креирање извештаи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

Matrix IT Global Services Macedonia

Senior Software Automation Engineer

види ги сите огласи на kariera.it.mk