0 коментари 1 мин. читање

CNN верува дека Google Glass ќе помогне на граѓанското новинарство

CNN се надева дека ќе успее да ги убеди граѓаните да допринесат со граѓанското новинарство употребувајќи ги очилата за проширена реалност, Google Glass. Ова пред се се однесува на споделување на уникатни фотографии и видео содржини преку Google Glass, од корисниците кои би биле директно присутни на локациите каде што се случуваат настаните.

Споделувањето на видеа и фотографии преку Glass е веќе отворено на iReport и во него веќе можат да допринесат сите учесници во Glass Explorer програмата. За да учествуваат во креирањето на вестите најпрво е потребно да се крера CNN профил и да се авторизира испраќањето на нотификации за Glass. Потоа корисниците треба да се поврзат со CNN iREport и веќе можат да започнат со споделување на слики и видеа. Како што известува CNN ,тие се првата голема новинска агенција која овозможи споделување на стории директно преку Google Glass.

[youtube]d6tmPWMvtLw[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top