0 коментари 2 мин. читање 23 април, 2018

Google ја претстави Chat, Андроид верзијата на iMessage

Google започна со глобално издавање на новиот сервис за текст разговор, Chat. Целта на овој сервис ќе биде да ги замени SMS пораките на Android уредите. Chat е името за корисниците, а оригиналното име на технологијата е Universal Profile for Rich Communication Services (RCS).

Иако технологијата е отидена далеку напред, SMS пораките воопшто не доживеаа никаков напредок. Со Chat платформата корисниците ќе можат да испраќаат групни текст пораки, да си испраќаат слики, видеa и куп други функционалности кои засега не се достапни.

Google секако можеше да се обиде овие промени да ги направи и директно преку апликација. Наместо ова компаниајта ќе се обиде да ги наметне стандардите од Chat на провајдерите. Компанијата засега е успешна во својата намера и сите поголеми провајдери ја поддржаа замислата. Поддршка дадоа 50 оператори, а дел од нив се и Vodafone, T-Mobile и Verizon. Поддршката дојде и од дел од операторите како Samsung, LG и Huawei.

Иако ова е добра вест, за жал има и недостатоци. Најпрво имплементацијата е оставена на операторите, ова можеби и не е преголем проблем со оглед на тоа дека Google веќе има поддршка. Вториот проблем е што овие пораки нема да бидат криптирани.

Трета важна забелешка за Chat e дека не е нова апликација од Google. Станува збор за стандард за комуникација кој ќе биде користен на Android телефоните. Поради оваа технологија Google ја паузираше работата на Allo, јави Verge.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top