Nvidia Тegra 4 е шест пати подобар процесор од своите претходници

во Хардвер

Nvidia работи на нов Tegra процесор, кој ќе го замени Tegra 3. Процесорот засега е нарече „Wayne“, а според најавите процесорот ќе биде конкурентен со последните процесори на Samsung и Qualcomm. Новиот процесор е сo 28 нанометри HPL технологија и доаѓа со 72 графички јадра што е шест пати повеќе од Tegra 3. Новата графичка единица ќе овозможи резолуција од 2560х1600  и 1080p на 120Hz. Во објавените спецификации е спомната и следната генерација на телевизиски стандарди  4К.

Nvidia Tegra 4 како и претходникот ќе биде 4+1 јадрен процесор, а за првпат на Nvidia процесор ќе биде воведен USB 3.0 и DDR3L дво-канална меморија. Со оглед на тоа дека станува збор за процесор за преносни уреди компанијата става акцент на енергетската ефикасност на процесорот.

Сепак останува нејасно дали, може да им веруваме на овие податоци кои излегоа на Chip Hell или сепак станува збор за шпекулација. Доколку податоците се покажат како точни, тогаш без сомневање Nvidia повторно ќе се врати на врвот кај мобилните процесори.

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments