Nvidia RTX 3090Ti – графичката картичка која ќе биде недостапна следната година

во Хардвер

Растот на криптовалутите и интересот за нивно „ископување“ кај корисниците, но и недостатокот на чипови придонесува за речиси константен недостаток на графички картички. Токму во овој период „протече“ информација за новата графичка картичка од Nvidia – RTX 3090Ti. Ова ќе биде „флегшип“-картичката за оваа серија, и без сомневање не само што ќе биде исклучително скапа, туку и нема да може да се најде во продажба. Според најавата графичката картичка треба да биде претставена на CES.

Nvidia 3090Ti ќе доаѓа со целосно „отклучен“ GA102 чип со 10752 CUDA јадра, 336 Tensor јадра и 84 RT јадра. Ова може да биде и првата графичка картичка која доаѓа со супер-брзата GDDR6X меморија на Micron (21 Gbps). За споредба моменталниот модел на RTX 3090 доаѓа со 10496 CUDA јадра, 82 RT јадра и 328 Tensor јадра. Засега најавата за RTX 3090Ti не е официјално потврдена од Nvidia.

Кога графичките картички се во прашање сепак најголемиот проблем е недостапноста, која влијае на цената, па се продаваат многу поскапо од препорачаната цена од производителот.

Цената на графичките е луда

Графички картички кои ја имаат препорачана цена од производителите, веќе како по правило не може никако да се пронајдат. Картички кои на излегувањето чинеле по 500,  600 долари, сега се продаваат барем 150 долари поскапо, а најчесто веднаш се распродаваат и никогаш ги нема во продажба. Наместо ова, картичките се достапни преку разни препродавачи кои ги нудат барем за двапати повисока цена.

На пример RTX 3070 излезе во продажба со препорачана цена од 500 долари. За жал оваа цена важеше само за Founders Edition моделот кој набрзина се потроши. Поради повисоката цена на картичките и воведувањето на повисока царина со Кина, оваа цена порасна од 500 на 750 долари, потсетува PC Mag. Ниту ова не е цена за која може да најдете графичка картичка и најголем дел од картичките се продаваат за цени кои се и 2 пати повисоки од цената која моделот ја имал во време на излегување.

Слична е и ситуацијата со RTX 3080 која започна да се продава за околу 750 долари (Цената зависи од производителот). Сега е тешко да се пронајде под 900 до 1000 долари во продажба, а цената кај препродавачите на Amazon, eBay и Newegg достига и 2500 долари.

За жал слична е ситуацијата и со пониските модели. Ако се надевате дека 3060Ti која започна да се продава за околу 400 долари ќе ја најдете за оваа цена се лажете. Најниската цена во моментов е 510 долари, а кај препродавачите достигнува и над 1200 долари.

Извор: ИТ.МК форум – https://forum.it.mk/threads/naduvani-ceni-na-grafichkite-zaradi-mining.77797/page-90

Во најголемите продавници во Македонија Nvidia RTX 3070 не може да се пронајде за помалку од 60 000 денари. На пример Gigabyte RTX3070 8GB Gaming OC Ver.2 во Setec чини 70000 денари или со клуб цена 60 000 денари. Во Anhoch Gigabyte GeForce RTX 3070 GAMING OC rev2.0 чини 72 000 денари (и не е достапна). За да ја пронајдете најевтината картичка која е достапна во продажба треба да додадете барем 7000 до 15000 денари.

Овие високи цени на картичките, но и нивниот недостаток се вистински предизвик за ентузијастите кои сами си креираат свои конфигурации. На форумот на ИТ.МК може да погледнете дел од предлозите за конфигурации и голем дел имаат проблем кога графичките картички се во прашање.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Pane24
Pane24
1 month ago

Немаат проблем за графички да набаваат. Имаат проблем со кешот :)
Го немааат.

Anonymous
Anonymous
1 month ago
Reply to  Pane24

Човека можеш да го извадиш од село, ама неможеш селото да го извадиш од него.

Anonymous2
Anonymous2
26 days ago
Reply to  Anonymous

Каква конекција најде од глупавост, до село, не разбирам… ама веројатно најде нова поговорка што сакаше негде да ја искористиш за да изгледаш паметно, и тука најде за згодно… за жал, обратниот ефект го постигна. :(