1 коментар 2 мин. читање 11 јануари, 2016

Nvidia претстави „суперкомпјутер“ за автономни возила

Nvidia го претстави својот суперкомпјутер за автономни возила, Drive PX2, кој ќе биде надгрaдба на досегашниот Drive CX. Компанијата го претстави процeсорот на годинешниот CES 2016, првиот голем настан за технологија што се организира на почетокот на годината.

Drive PX2 e во изработка целата измината година и во целост е прилагоден на намената за користење во автономни возила. Процесорот може да обработи сигнали од 12 видео камери, лидар, радар и ултрасоничен сензор, притоа да ги обработи во реално време, овозможувајќи се што е потребно за креирање на паметно возило, вели Џен-Сун Хуанг од Nvidia. Суперкомпјутерот е способен за брзина на обработка од 8 терафлопи и 24 deep learning операции во секунда. За споредба Drive PX2 има процесирачка моќ колку 150 Macbook Pro компјутери, а сето ова е спакувано во значително помал простор, па потребата од водено ладење не е изненадување.

Nvidia креира и сопствени возила, иако барем засега е најасно дали компанијата сериозно размислува за влез на пазарот за паметни автомобили или овие возила ќе бидат користени единствено за тестирање на платформата Nvidia Drivenet. Volvo, Audi, Daimler, BMW и Ford се дел од производителите кои ja тестираат платформата.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
prichina
prichina
10 years ago

Заборави да спомнеш дека Volvo е првата компанија која ќе го вгради овој нов далеку понапреден од ланскиот уред, т.е. Drive PX 2.

Мени
Заедница
Изглед
To top