3 коментари 2 мин. читање 11 јануари, 2016

Faraday Future Zero1 e малку претеран концепт, но ни се допаѓа

Компанијата која пред еден месец најави дека ќе биде конкуренција на Tesla Motors, Faraday, го претстави својот прв концепт-автомобил, Faraday Future ZERO1. Интересно е што вестите дека инвестицијата доаѓа од кинескиот милијардер Џиа Јуетинг се потполно точни. Но, финансиите овој пат не се центарот на приказната, туку прекрасниот Faraday Future FFZERO1.

Автомобилот доаѓа со 1.000 коњски сили, забрзување од 0 до 100 километри на час за помалку од 3 секунди и максимална брзина од 320 км/ч. Барем од она што можеме да го видиме, станува збор за ексклузивен и футуристички автомобил и по дизајнот. Иако од компанијата најавува ограничени серии, автомобилот кој ќе доаѓа од фабриката во Невада ќе биде изработуван модуларно, па купувачите ќе можат да одберат од неколку различни модели. Во зависност од вградените компоненти автомобилот може има помоќен мотор или поголеми батерии. Компанија најавува дека концепт-возилото ќе доаѓа со полна опрема: четири мотори, што всушност е набилдана верзија на автомобилот. Од Faraday најавуваат дека и батериите слично како и кај Tesla ќе бидат креирани од компанијата.

Сепак станува збор единствено за теорија, бидејќи автомобилот е далеку од реализација, па ниту Tesla нема причина за премногу паника. Илон Маск, основачот на Tesla ја поздравува конкуренцијата.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top