Nvidia ја претстави својата гејминг конзола – Project Shield

во Хардвер

Project Shield е најновата преносна конзола која доаѓа од Nvidia на која ќе може да се играат и најквалитетните видео игри. Конзолата е презентирана на годинешниот CES, а за потсетување ова не е прв пат Nvidia да се вмеша во гејмингот откако претходно го презентираше гејминг облакот GeForce GRID.

Конзолата доаѓа со новиот Tegra 4 процесор, 5-инчен 720р  екран со 294 ppi и звук на кој ќе му завидуваат најголемиот број лаптопи. Максимална резолуција на видеото на надворешен екран ќе биде 4К. Оперативниот систем е Android и тоа како што велат од Nvidia станува збор за немодифициран Android. Дизајнот прави Project Shield многу повеќе да изгледа на контролер, отколку на конзола. The Verge констатира дека конзолата ќе им биде позната на сите кој имале Xbox 360 конторлер во рацете. Nvidia вели дека конзолата ќе подржува од 5-10 часови играње или 24 часа гледање видео со едно полнење на батеријата.

Бидејќи оперативниот систем на конзолата е Android, Shield ќе доаѓа заедно со Gmail и останати апликации од Play Store. Kонзолата сигурно ќе помогне да го етаблира и Android како сериозна гејминг платформа, пред се благодариение на новите Tegra 4 процесори кои се 6 пати помоќни кога е графиката во прашање. Shield ќе може да стрима и игри од домашниот десктоп компјутер преки Wi-Fi, што ќе ви дозволи да ги играте сите игри од вашиот десктоп на конзолата. Уште поимпресивна е најавата дека во иднина конзолата ќе ги стрима видео игрите директно на талевизор.

Најавено е дека конзолата ќе дебитира во второто тримесечие на 2013. Најверојатно пред тоа ќе дознаеме, дали и колку Project Shield ќе се користи за играње преку облакот.

[youtube]0fLycXQ6hXM[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk