За време на празниците Microsoft се пожали дека Google не им дозволува да креираат Windows Phone апликација за YouTube, па во продолжение на оваа статија можете да прочитате нешто повеќе за една од алтернативите кои можете да ги користите на вашиот Windows Phone.
MetroTube е апликација која целосно ќе го замени вашето веб искуство со овој сервис, дури и ќе го подобри. Апликацијата е целосно дизајнирана со новиот кориснички интерфејс на Windows 8 и ги нуди сите опции како и YouTube на веб.
MetroTube се издвојува по тоа што нуди функција „Preloaded“ или во превод што значи тоа – овозможува офлајн гледање на видеата и истите можете да ги пуштате во било кое време. Видеата се прикажани со слика по целата ширина на екранот и наслов, и со кликање на истата се пристапува до видео плеерот и сите останати детали за видеото. Откако ќе се пуштите на страницата на видеото, од истата можете да коментирате или да гласате за видеото, а од мени со опции можете да го менувате и квалитетот на видеото. Исто така, можете да пуштите некое видео да се полни и да си продолжите со останатите активности, а по некое време да го пуштите преку таа „Preloaded“ листа. MetroTube нуди и пристап до сите ваши листи (Гледај подоцна, омилени видеа, плејлисти, …), како и да каналите на кои сте претплатени.
MetroTube можете да ја преземете од Windows Phone продавницата за 0,99 долари.
*Благодарност до @ErtaySh што ја сподели оваа апликација со нас. Доколку и вие имате да предложете некоја добра апликација, пишете на #АпликацијаНаДенот.
