1 коментар 1 мин. читање

GeForce GTX Titan Z e најмоќната графичка картичка која никогаш нема да ја купите

Nvidia ја најави новат high-end крафичка карта GeForce GTX Titan Z која изгледа навистина импресивно, но поради високата цена останува надвор од дофат на најголем дел од корисниците. GTX TItan Z доаѓа со два Kepler графички процесори и 12 GB видео RAM и без сомневање ќе биде графичка карта со неверојатни перформанси. Двата Kepler GK110 процесори комбинирано имаат 5.760 јадра. За жал, цената е 3.000 долари, а за колку за пример за истите пари се достапен и некои модели на Mac Pro.

Nvidia најави дека Titan Z е првата графичка карта која е подготвена за 5К резолуција (5.120 х 2.700) на едeн дисплеј. Перформансите на картичката се двапати подобри од GTX Titan Black, но за 3.000 долари може да се купат три вакви графички карти, вели Techpowerup.

[youtube]_j5WaLr0DJk[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top