iFixit, познати по уникатниот начин на кој ги претставуваат новите уреди со нивно расклопување, за брзо време успеа да дојде до новиот HTC One M8. Покрај хардверот благодарение на iFixit може подобро да го видиме и неговиот распоред во телефонот. HTC One M8 има 5-инчен LCD 3 екран со fullHD резолуција, прекриен со Gorilla Glass 3; ќе работи на 2,3 GHz Snapdragon 801 процесор со четири јадра; 2 GB RAM; ќе се продава со 16 до 32 GB простор, со можност за micro SDXC поддршка за дополнителни 128 GB; Bluetooth 4.0 со aptX, и поддршка за 2G, 3G и 4G мрежа; Според тајванскиот производител, а и според тоа што може да го видиме на видеотот батеријата на телефонот е подобра од претходникот што е точно со оглед на тоа дека капацитетот сега е 2.600mAh, во споредба со претходникот 2.300mAh.
HTC One M8 го продолжува наследството на HTC One кога е во прашање неговата поправка со оценка од 2 од 10. За среќа HTC One M8 може да се отвори без да се оштети телефонот што не е случај со претходникот, за лошата оценка допринесува тоа што е потребно да се извади плочата на телфонот дури и за промена на батеријата, а доколку е потребно да се замени екранот треба да се расклопи целиот телефон.
[youtube]YP0glVbQfWQ[/youtube]