0 коментари 2 мин. читање 9 ноември, 2011

Nvidia го претстави Tegra 3, прв quad-core процесор за мобилни уреди

Nvidia го најави долгоочекуваниот Tegra 3 процесор, првиот quad-core процесор наменет исклучиво за мобилни уреди. Според Nvidia, Tegra 3 ќе овозможи три пати подобри перформанси од претходната dual-core Tegra генерација, и со тоа ќе го подобри мултитаскингот, веб прелистувањето, како и перформансот на апликациите.

Tegra 3 своето деби ќе го има на таблет компјутерот Asus Eee Pad Transformer Prime, што е всушност подобра верзија на Asus Eee Pad Transformer, со подобри камери, поголем простор за складирање, како и се разбира новиот Nvidia просецор. Според Asus и Nvidia, новиот Tegra 3 процесор нема да ја исрпува брзо батеријата, овозможувајќи да се гледа до дури 12 часа HD видео. Asus Eee Pad Transformer Prime се очекува да се појави на пазарот некаде околу Нова Година, а цената на овој таблет компјутер ќе се движи околу 500 долари за верзијата со 32 GB.

Тајната за долгото траење на батерија се крие во тоа што Tegra 3, покрај четирите главни процесори, содржи и плус уште еден процесор кој е дизајниран да работи наместо другите процесори кога се вршат работи кои не бараат многу енергија. Па така, кога се читаат статини веб страници, или пак кога таблет компјутерот не се користи, четирите главни процесори целосно се исклучуваат, овозможувајќи батеријата да работи што подолго.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top