0 коментари 2 мин. читање 10 ноември, 2011

Невладини организации и моќта на друштвените мрежи (инфографик)

Craigconnects, невладината организација на основачот на Craiglist, Крег Нумарк, креираше инфографик во кој е претставенo како и колку невладините организации успеваат да влијаат преку друштвените мрежи Facebook и Twitter. Во инфографикот, невладините организации се поделени на осум категори: животни, деца, култура, помош од природни непогоди, екологија, здравје, ветерани/војска и жени.

Инфографикот прикажува кој тип на организација е најактивна на друштвените мрежи, кој е најзборуван, кој има најголема интеракција со своите фанови, и чија содржина најбрзи се шири.

Според инстражувањето извршено од страна на Craigconnects, најзборуваните организации на Facebook и Twitter се оние за животни и за екологија, додека најмалку зборувана се ветеранските и воените организации. Најзборувана организација на двете друштвени мрежи, и на Facebook и на Twitter е PETA. Детските организации се најинтерактивни. За повеќе интересни информации погледнете го приложениот инфографик (кликнете на сликата за поголема верзија).

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top