Веќе нема да развиваме Flash Player во прелистувачите кои работат на новите мобилни конфигурации (чипови, прелистувачи, ОС верзии) по објавување на Flash Player 11.1 за Android и BlackBerry Playbook, напиша Adobe во блог пост.
Ова значи дека Стив Џобс беше во право што тврдоглаво одбиваше да го прифати Flash на iOS, и бараше повеќе развој на HTML5 за мобилните уреди. По една година од познатото предвидување на г. Џобс, Adobe ја изгуби битката на мобилниот пазар.
„HTML5 сега е универзално поддржан на повеќето мобилни уреди, во некои случаии и ексклузивно. Ова го прави HTML5 најдобро решение за креирање и развивање на содржина на прелистувач преку мобилни платформи.“, вели потпретседатлот на Adobe, Дени Винокур.
„Нашата идна работа со Flash за мобилни уреди ќе биде фокусирана да им овозможиме на Flash програмерите да ги спакуваат интегираните апликации со Adobe AIR за сите големи продавници на апликации.“
Eдна од причините зошто Adobe се откажа од Flash Mobile Player e бидејќи не беше доволно добар за мобилните уреди, апликациите беа премногу спори и споро се вчитуваа. Ниту алтернативите кои ги објави Adobe не помогнаа. Дури и Microsoft најави дека нема да го поддржи Flash на својот Windows 8 прелистувач. Покрај своите грешки, за неуспехот на Flash на мобилните уреди помогна и Apple кој го има најатрактивниот мобилен пазар и кој ги потикна програмерите да се ориентираат кон HTML5.
Сепак, иако ја изгуби битката со мобилните платформи, Аdobe во својот блог пост потенцираше дека Flash-от е интегрален дел од „милијарди PC-ja“ и е важен како за корисниците така и за програмерите.
Adobe вели Flash Player 11 за PC донесе куп новини, подобрo видео и подобрена 3D графика за гејминг, и додаваат дека веќе работат на Flash Player 12 и дека Flash во иднина ќе има „возбудливи можности“ кои ќе им обезбедат на програмерите „лесна транзиција во HTML5 како што напредуваат стандардите“.
Интересно, оваа вест се појавува истиот ден кога Adobe најави дека ќе отпушти 750 луѓе за да посвети повеќе внимание на дигиталната мултимедиа и дигитален маркетинг.







