0 коментари 1 мин. читање

Nvidia ги смалува своите Keplar процесори за да се користат во таблет компјутерите

Наскоро графиката на паметните телефони и таблет компјутери ќе биде речиси два пати подобра од графиката која ја презентират сегашните конзоли. Огромниот скок повторно ќе го донесе Nvidia со Kepler архитектурата и project Logan. Project Logan е обидот на компанијата да ги намали димензиите на графичките процесори и да ја намали потрошувачка на енергија, се со цел да може да се користат во таблет компјутери и паметни телефони.

Резултатот е процесор за преносни уреди на чии перформаниси може да позавидат и конзолите, а енергијата која ја троши е само една третина од енергијата со која работи iPad. Logan процесорите ќе имаат поддршка со Open GL ES 3.0, Open GL 4.4 и DirectX 11.

[youtube]Vx0t-WJFXzo[/youtube]

Очекувањата е дека Logan ќе ја лансира графиката за паметните телефони неколку години понапред, со што ќе овозможи уште повеќе телефоните да ги заменат рачните конзоли. Засега е непознато кои телефони ќе стартуваат со Kepler графика, иако нема да биде никакво изненадување доколку дебитира токму на нивниот телефон Phoenix или пак на некоја понова верзија на Nvidia Shield.
[youtube]miEglxHz1iA[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top