Заедно со нов Nexus 7 и Chromecast, Google го претстави и најновиот Android 4.3 кој ќе биде достапен првин за Nexus уредите, а наскоро и за телефоните и таблет компјутерите кои можат да го поддржат.
Новина во оваа верзија се рестриктивните профили кои се дел од профилите за повеќе корисници воведени во Android 4.2. Поддршката за повеќе профили е наменета за таблет компјутерите кои се користат од целата фамилија, односно за родителите да блокираат одредени апликации кои не сакаат да ги користат децата. Интересно, апликациите може да бидат достапни за сите профили на таблет компјутерот, но апликациите ќе се однесуваат поинаку, пример, ќе имаат забрана на купување за рестриктивен профил.
[youtube]pdUcANNm72o[/youtube]
[youtube]KmQx8trIoik[/youtube]
[youtube]vUbFB1Qypg8[/youtube]