Несомнено e дека новиот Nexus 7 доаѓа освежен со голем број подобрувања, но прашањето кое ги интересира сите е како овој нов таблет компјутер на Google се споредува со најсериозниот конкурент – Apple iPad Mini. Во ова споредба ќе ги изоставиме оперативните системи бидејќи и Android и iOS (кој наскоро ќе биде комплетно редизајниран) може да бидат одберени само поради личното искуство. И иако и двете платформи имаат над 800.000 мобилни апликации, што е огромен избор, сепак изборот зависи од вкусот за дизајн и личните интереси за што ќе го користите оперативниот систем, односно таблетот.
Тоа што е важно за сите е уредот да има добри перформанси и квалитет кој би бил над очекувањата за вредност. Да почнеме од тоа што се гледа. Екранот на iPad Mini е 7,9-инчен IPS-дисплеј со резолуција 1024х768, но Nexus 7 сега доаѓа со одлични 1920х1200 пиксели на 7-инчен екран. Новиот Nexus 7 без сомневање има подобар екран од iPad Mini, но Apple има адут со Retina дисплеј кој е достапен на iPhone, iPad и Mac, и кој најверојатно ќе се биде достапен и на новиот iPad Mini. Според очекувањата, нов iPad Mini ќе биде претставен ова есен.
Процесорот на Nexus e 1,5 GHz четиријадрен Qualcomm Snapdragon S4 Pro. Нему му се спротивставува A5 на 1 GHz. Според бенчмарк тестовите, новиот Snapdragon е помоќен од A5 кој е инсталиран во iPad. Покрај ова графичкиот процесор Adreno 320 може да се спореди со оној на Samsung Galaxy S4. Но, бенчмарковите на поединечни делови не значат многу кај уредите на Apple кои се совршено усогласени за да понудат најдобри перформанси. И двата уреди се со беспрекорни процесори.
Nexus 7 доаѓа со 2 GB RAM, што е четири пати повеќе од 512 MB на iPad Мini. Што се однесува до слободниот простор, двата таблет комјутери имаат 16 и 32 GB верзии, a Мini има и верзија со 64 GB простор.
Двата уреди имаат Bluetooth 4.0 и Wi-Fi поддршка. Слично е и времетраењето на батеријата. Nexus 7 има батерија која трае 9 часа ако гледате HD видео или 10 часа сурфање. iPad mini пак доаѓа со батерија која овозможува 9 часа сурфање на 3G мрежа или 10 часа WiFi и гледање на видеа. Иако за македонските корисници е безначајно, верзии за новиот Nexus 7 доаѓаат со отклучена LTE поdдршка, за разлика од Мini кај кој се врзани со операторот.
Најважниот критериум е секако цената која е на страната на Nexus 7, и станува уште позабележлива со подобрите варијанти на таблетите. Nexus 7 со 16 GB RAM чини 229 долари, додека iPad mini чини 329 долари, 32 GB верзии на таблетите се 269 и 429 долари. LTE моделот на Nexus 7 доаѓа за 349 долари, а Apple своите уреди ги нуди за 459 односно 559 долари.
По се изгледа дека, барем до излегувањето на нов iPad Мini, на тронот на 7-инчните таблет компјутери ќе биде Google Nexus. Nexus има подобар екран, процесор, RAM и е сериозно поевтин. Но, ако не се брзате да купите таблет компјутер, тогаш не го занемарувајте идниот iPad Mini се Retina дисплеj.

Коментари
11 коментари
Коментарите се затворени.