Нова закана од Shadow Brokers, хакерите ќе објават нови алатки

Хакерите кои споделија алатки од Националната агенција за безбедност, Shadow Brokers, сега се закануваат со споделување на нови фајлови. Ransomware епидемијата на WannaCry ја предизвикаа токму овие алатки.

Колективот објави дека ќе започне да ги објавува податоците од јуни, но овој пат ќе бидат достапни единствено за оние кои ќе ја платат претплатата. Дополнително, целиот проект може да пропадне ако некој ги откупи овие податоци.

Според најавата на блогот Shadow Brokers имаат безбедносни пропусти за:

  • Прелистувачи, рутери, телефони
  • Безбедносни пропусти за Windows 10
  • Податоци за SWIFT мрежата и за централните банки
  • Податоци за мрежата на руските, кинеските, иранските и севернокорејските нуклеарни проектили.

Целата објава можеби покажува ново светло со кое може да се гледа на Wanna Cry нападите. Се чини дека единствена цел на нападот кој е преобемен и во фокус на јавноста беше да се акценитра опасноста од алатките кои се во сопственост на Shadow Brokers. Сега групата повторно се обидува да пронајде начин да ги монетартизира овие фајлови.

По нападите Washington Post објави дека токму комункацијата помеѓу Microsoft и NSA обезбедила навремено креирање на закрпата. Според изворите на весникот токму средбата помеѓу луѓе од агенцијата и Microsoft, ја одложила надградбата во февруари за четири недели подоцна.

Сепак, по последната најава за нови протекувања Microsoft најави дека внимателно ќе ја набљудува ситуацијата и ќе ги преземе потребните чекори.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk