Просечната интернет брзина во светот е 3,6 Мbps, Македонија е тука некаде

во Веб, Свет

Просечна брзина на Интернет во минатата година порасна за 29 отсто и сега изнесува 3,6 Mbps, порастот во споредба со последниот квартал е 10 отсто. Најзабележителен е порастот на мобилниот интернет сообраќај кој за една година пораснал 80 отсто, вели Akamai во последниот State of Internet извештај. Повторно држава со најбрз интернет е Јужна Кореа со 22,1 Mbps, што е речиси двојно побрзо од вторите на листата, Јапонија со 13,3 Mbps. Помеѓу државите со значителен напредок покрај Ј. Кореа со 51 отсто се и Чешка 49 отсто, Холандија и Белгија 46 отсто и Ирска со 43 отсто. За разлика от претходната година кога единствено Ј. Кореа и Јапонија имаа брзина поголема од 10 Mbps оваа година седум држави можат да се пофалат со брзини над оваа. Македонија ја нема во извештајот на Akamai.

Годишен пораст од 27 отсто забележува и пенетрацијата на широкопојасен интернет, кој во анализата на Akamai е побрз од 4 Mbps. Широкопојасен интернет сега користат 53 отсто од интернет корисниците. Според Akamai мапата, Македонија има просечна брзина на интернет од 3,9 Mbps и пенетрација на широкопојасен интернет (над 4 Mbps) од 34,8 отсто. Очекувано ситуацијата е драстично полоша кога е во прашање брзиот широкопојасен интернет (над 10 Mbps) кој е застапен кај единствено 1,31 отсто од корисниците.

Најголем пораст е забележан кај мобилниот интернет кој во 2013 година е за 80 отсто зголемен во однос на 2012-та. Просечните брзини кај мобилниот интернет се движеле од 6 Mbps до 9,5 Mbps. Со тоа што единствено 18 оператори на своите корисници им нудат брзина која би се квалификувала во широкопојасен Интернет.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk