0 коментари 2 мин. читање 9 август, 2018

Ново видеo покажува дека дрон експлодирал за време на говорот на претседателот Мадуро

На 4 август се појави веста дека претседателот на Венецуела, Николас Мадуро е цел на атентат. Ова секако немаше да биде никаква вест за технички портал ако за нападот не беше искористен дрон.

Можеби реакцијата на претседателот Мадуро, но и реакциите по нападот во кои веднаш беа нападнати неговите политички противници направија оваа вест да изгледа помалку неверојатно. Дополнително, дури и пожарникарите кои беа присутни на местото изразија сомневање во вистинитоста на приказната за атентат со дрон.

Опасноста од нападот не може да се оцени, ниту пак кој го нарачал нападот. Сепак Bellingcat сподели видео и анализа од настанот на кој се гледа дронот кој експлодира. За жал во видеото не се гледа претседателот и колку е далеку, но секако има дрон кој експлодира.

Од видеото е потврдено дека станува за дрон со 6 ротори, што соодветствува на DJI Matrice 600. Ова е прилично скап дрон кој чини оклу 5 000 долари, а за 2, колку што беше објавено дека учествувале во обидот за атентат, би биле потрошени 10 000 долари.

Одговорност за нападот презема релативно непознатата група „National Movement of Soldiers in T-shirts“.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top