0 коментари 2 мин. читање 9 август, 2018

Ниту Apple, ниту некој од сервисите на платформата ги прислушувааат корисниците

iPhone не собира аудио податоци од своите корисници, објасни претставник на компанијата до претставници на сенатот. Сенаторите Грег Волде, Марша Блекбурн, Роберт Лата и Грег Харпер се членови на повеќе комисии.

Нивното прашање до Apple, но и до Alphabet (Google) е дали слушањето за „Hey Siri“ или „Okay Google“ може да се злоупотреби за прислушување на корисниците. Дополнително, прашањето требаше да одговори и дали компаниите ги чуваат и снимаат овие податоци.

Apple одговори дека не ги снима своите корисници додека слушаат за „Hey Siri“. Дополнително објаснија дека потребно е дозвола од корисниците за користење на микрофонот, а без оваа дозвола не работи оваа функционалност.

Apple објасни и дека не може баш да знае што сите девелопери работат, но ова не е дозволено и кога ваква апликација веднаш се отстранува од App Store, пренесе Reuters.

„Apple ниту може, ниту мониторира што прават девелоперите со податоците кои ги собираат од корисниците. Дополнително, компанијата не може ниту да го спречи трансферот на овие податоци. Компанијата и не може да обезбеди дека сите девелопери ќе ги почитуваат сопствените правила за приватност или локалните закони“, велат од Apple.

Сè уште нема податоци за одговорот на Google, но од комитетите велат дека двете компании соработуваат со сенатот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top