Ново достигнување за вештачката интелигенција, персонализирано лажно порно

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Се чини дека во последно време заработка има во сè. Лажни вести, а по нив и лажни порно филмови може да им донесат убава заработка на креаторите.

Откако најпрво на Reddit deepfakes се појавија куп монтирани видеа со јавни личности и актерки, следеше уште попроблематична содржина. Лажните видеа ги креира вештачка интелигенција. За нивно креирање е потребно 1 видео и еден тон фотографии од жртвата. Потоа овие фотографии се пуштаат низ скриптата и конечниот резултат е видео со сосем нов лик.

Корисниците започнаа да бараат видеа од познаници, пријатели и поранешни девојки. Овие видеа на почетокот не беа присутни. Сепак побарување постоеше, па се чини дека само прашање на време беше пред некој да се појави и да започне да ја продава оваа „услуга“.

Цел еден дел од форумот „r/deepfakeservice“ е посветен на продажба и креирање на видеа по порачка.

„Потребни се барем 2 минути видео. Актерка од филмови за возрасни може да предложите или сам ќе одберам. Моделите мора да бидат над 18 години. Видеото е достапно за 72 часа. Исплата во биткон“, пренесе Motherboard.

Токму обичните луѓе се и најмалку заштитени од лажното порно. Порно актерите и јавните личности секогаш можат да се повикаат на нарушување на авторски права. DMCA потоа прилично брзо ги отстранува овие содржини. За жал, обичните луѓе кои се жртви на оваа технологија, ќе бидат и попогодени од нападите, но и потешко ќе се одбранат.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments