0 коментари 2 мин. читање 6 септември, 2016

Новите процесори од Intel и AMD без поддршка за Windows 7 и Windows 8

Intel и AMD ги претставија новите процесори. Дискусијата за кои процесори е попаметно да ги ставите во вашата нова десктоп конфигурација не е започната, но што и да одлучите ќе мора да доаѓа со Windows 10. Постарите оперативни системи Windows 7 и 8 нема да бидат надградувани за новите процесори.

Ниту Kaby Lake на Intel, ниту Zen на AMD нема да ги поддржуваат постарите оперативни системи. Microsoft имаше план истото да го направи и со сега актуелната Skylake линија. Сепак, во последен момент одлучи дека овие процесори ќе останат поддржани, јави ExtremeTech.

Вообичаено транзицијата помеѓу оперативниот систем трае неколку итерации. Windows 7 е веќе седум години стар оперативен систем, а Windows 8 никогаш не ја доби поддршката на корисниците.

Сепак без сомневање ќе остане неофицијалната поддршка за оперативниот систем. Слично како и Windows XP и Windows 7 има голем број на фанови кој ќе сакааат да го користат и понатаму. Поради популарноста без сомневање ќе има доволно ентузијасти кои ќе ги прават потребните промени.

Крајот на поддршката за Windows 7 ќе биде во 2020, кога Microsoft официјално ќе го прекине ажурирањето на овој оперативен систем.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top