0 коментари 1 мин. читање

Warner Brothers си го пријави сајтот како илегален

Битката помеѓу дигиталните пирати и издавачите на филмови трае, и се чини дека никогаш не била пожестока. Во оваа жестина издавaчите понекогаш знаат да се посрамотат самите себе… Така Warner Bros направи превид и побара од Google да го отстрани нивниот сајт од резултатите кои се јавуваат во пребарувачот, јави TorrentFreak.

Издавачите редовно испорачуваат до Google листа на линкови кои сакаат пребарувачот да ги отстрани од индексираните резултати; со тоа тие не би се појавувале во пребарувањата. Интересно е тоа што warnerbros.com не е единствениот домен кој е на листата на издавачот. Најверојатно по грешка на истата листа се и Amazon, Sky Cinema и IMDB. Филмови кои се на листата се Batman Dark Knight и Matrix Revolutions.

Идејата на издавачите и на студијaта е да го отежнат пронаоѓањето на нелегални филмови. Сепак, со грешките и додавањето на легитимни линкови, се отежнува и пронаоѓањето на легална содржина. Грешката најчестo ја прави софтверот кој ги регистрира овие страници, па можеби е паметна идеја да се додадат домени за кои нема да се бараат забрани.

Google сепак не ги избришал индексите на Amazon, IMDB и Sky Cinema. Компанијата која ги поднела жалбите во име на Warner Bros, Vobile, досега поднеле над 13 милиони барања за отстранување на содржина.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top