Интернетот знае да крие многу непријатни изненадувања, особено кога детето ќе добие целосен пристап до него и родителите нема да применат филтри за ограничување на содржината. Thinga.com е сајт на кој вашето дете може да се забавува со видео материјали, фотографии и текстови за инспиративни вести, впечатливи луѓе и животни, како и со бројни игри, шеги и загатки.
Целиот сајт се одликува со шаренолик, детски дизајн кој уредно ги прикажува содржините во категории како видео, животни, забава, учење, живот и слично. Тимот кој стои зад Thinga внимателно одбира материјали кои одговараат за детската возраст, а често поставуваат и оригинални содржини. За поголема контрола врз содржините на кои се изложува вашето дете, можете да одбирате кои содржини да се прикажуваат, а кои не (за таквото нешто се поминува низ посебни чекори за додатна верификација).
Бесплатната регистрација ви дозволува одредена слобода во уредување на платформата, а за два долари месечно, го добивате истото, но без реклами. За четири долари месечно добивате пристап до Thinga BOOM – онлајн списание за деца кое изобилува со соодветни текстови, фотографии, игри, видео материјали, шеги, водичи и многу повеќе. Родителите, пак, добиваат специјален пристап до совети, водичи и алатки за разгорување на желбата за учење кај децата и градење солидни односи. Од она што ние можевме да забележиме, ваквата услуга знае да биде исклучително корисна и за наставниците по англиски јазик, особено при исполнување на ИКТ обврските. Новите корисници имаат можност да ја проверат услугата така што го добиваат првиот број бесплатно.
Од друга страна, оној што чувал деца знае дека не е само еден проблем со нив. Што правиме во ситуации кога не можеме да ги натераме да се „симнат“ од интернетот, а старата, добра финта со криење кабли не функционира? Stay Focused би можел да ви помогне и за тоа!
Бонус совет: доколку вашето дете како и многу други дел од своето време го поминува гледајќи цртани на YouTube, размислете за активирање на опцијата YouTube Kids.