Nvidia најави дека новите GTX 1060, 1070 и 1080 ќе ги заменат 970M, 980M и 980. Новите графички не само што се подобри туку и лаптопите ќе бидат поевтини. Центата на лаптоп кој ќе биде VR-ready, сега ќе падне на 1.400 долари, јави Tomshardware.
Со новите графички картички Nvidia ја избриша „М“ ознаката, тврдејќи дека мобилните картички се со исти перформанси како и десктоп верзиите.
Картичките од 10 серијата се дури 76 отсто побрзи од Mawell, и доаѓаат со истата 16 nm архитектура како и десктоп серијата. Иако перформансите се подобри, новите графички картички нема да трошат повеќе. Ова е важно кога се во прашање уреди кои се на батерија. Сепак тешко е веројатно, дека вака лаптопот ќе може да работи подолго време.

Tom’s Hardware
Можеби најдобра демонстрација на можностите на картичките се перформансите на мобилната верзија на 1080. На бенчмарк тестот Ungine Heaven, картичката е побавна единствено од новата Titan картичка и од десктоп верзијата на GTX 1080.
[…] Blade Pro доаѓа со најмоќната картичка во моментов, GTX 1080. За потсетување, новите графички на Nvidia за лаптоп сега се подеднакво […]