Samsung официјално го претстави новиот паметен телефон, Galaxy Note 7. Доколку ги следите уредите на Samsung најверојатно забележавте дека компанијата го прескокна Note 6 и вложија труд во Note 7. Ова нема да ги обесхрабри, бидејќи судејќи по првите прегледи, телефонот не само што ги воодушеви сите, туку и го прогласија за најдобар телефон на Samsung досега.
„Note 7 е најдоброт телефон на Samsung досега, и можеби најдобриот голем телефон било кога направен.“, пишува Verge.
Дизајн
Samsung ни досега не штедеше, кога големите Note телефони беа во прашање. Надворешноста на телефонот е од алуминиум и стакло. Екранот на телефонот е огромен, а неискористената површина минимизирана. Дисплејот на Note е 5.7-инчен, но телефонот е помал од конкуренцијата. Димензиите на Note 7 се 153.5 mm х 73.9mm х 7.9mm, а заштитата на екранот, Gorilla Glass 5.
Хардвер
Note 7 доаѓа со 5.7-инчен Super AMOLED HD dual-edge екран, со резолуција 2560х1440 (518ppi), кој е заоблен од двете страни. Процесорот е четири-јадрен Snapdragon 820, 2×2(2.15GHz дуал + 1.6Ghz дуал), а уредот доаѓа со 4GB RAM и 64 GB слободен простор, кој може да се надгради со microSD до 256GB. Батеријата е нешто поголема од таа на претходникот, 3.500 mAh, што е доволно за цел ден работа без полнење. Телефонот се полни преку USB-C приклучок.
„За разлика од минатогодишниот Note 5, Note 7 доаѓа со ист процесор и RAM како и S-серијата. Нема да забележите никаква разлика во брзината или мултитаскингот.
Ова се спецификации и на сите Android flagship телефони… Предностите на Note7 се во други области, Gorilla Glass 5 е 1,8 пати поиздржлив од Gorilla Glass 4 и треба да издржи 80 отсто од падовите од 1,6 метри. Слободниот простор од 64 GB е одличен, а и HDR екранот и водоотпорноста се одлични додатоци.“, вели NextWeb
Камерите се 12MP и 5MP, што можеби на прв поглед ќе ви изгледа дека е полоша од претходникот кој доаѓаше со 16MP камера. „Но новата камера всушност овозможува подобар квалитет на сликите, а наскоро и корисниците ќе го дознаат тоа“, вели Ким Гае-јун од Samsung.
Камерата е со оптичка стабилизација, фотографира побрзо и доаѓа со поедноставна апликација. Новиот интерфејс е поедноставен, а камерата доаѓа со команди преку гестикулации.
Покорисен S-Pen
Нов уред, нов S-Pen. Samsung навистина внимавaше со овој уред кога водоотпорноста е во прашање, па дури и S-Pen доаѓа со заштита. Пенкалото може да препознае 4.096 нивоа на притисок, двојно повеќе од претходникот. Врвот на пенкалото е потенок и овозможува поголема прецизност. Најинтересна примена на пенкалото е во апликациите. Апликацијата за превод за жал, засега овозможува превод збор по збор, а интересна е и апликацијата која овозможува креирање на анимирани слики директно од екранот на телефонот.
„Сите промени се чекор во вистинска насока, но се сомневам дали навистина некому ќе му го промени мислењето во врска со S-Pen. Фактот дека Samsung продожува да ги издава овие уреди, покажува дека луѓето го користат пенкалото, но доколку не сте убедени, досега, нема да го смените мислењето ниту сега.“, вели Engadget.
Ирис-сензор за отклучување на телефонот
Безбедноста на телефонот е зголемена. Освен читачот на отпечатоци, Note 7 доаѓа и со ирис-сензор, кој се користи како дополнителен степен на сигурност. Ирис-скенерот не само што може да се користи за отклучување на телефонот, туку може да се заклучат веб-страници, апликации и да се ограничи пристап до Samsung-профилот.
„За првото скенирање треба да го држите телефонот пред лицето и ширум да ги отворите очите. Ова е начинот на кој ќе ја користите функционалноста и понатаму… Функционалноста можед да ја користат и корисниците со очила, иако не во 100 отсто од случаите.
Најгoлем проблем е користење на функционалноста надвор. Додека се движите навистина е тешко да го стабилизирате телефонот. Ќе мора да застанете и да го скенирате ирисот и да го отклучите телефонот, па да продолжите. Мислам дека е подобро кога го отклучувам телефонот со отпечаток. Побрзо е.“, вели Кен Јеунг од Venturebeat.
Оперативен систем и преинсталирани апликации
Samsung Note 7 доаѓа со Android 6.0.1, a Nougat е најавен пред 2017. Компанијата се обидува да пронајде баланс со своите апликации и софтвер кои доаѓаат преинсталирани на телефонот, и се чини дека со овој уред направи најдобра работа досега, иако повторно има недостатоци.
„Има две апликации за имејл, два прелистувачи, две апликации за фотографирање, два гласовни асистенти, и верзии на Samsung за календар и дигитрон.“, вели Verge кој на телефонот му даде оценка од 9.3, а единствена оценка под 9 е софтверот.
Најдобар, но прескап
Како и досега, Galaxy Note нема да биде евтин уред, цената на телефонот е 850 долари. Можеби со договори со провајдерите цената на ќе се намали, иако тешко веројатно е дека ќе биде широко достапен. Доколку високата цена не ве обесхрабри, официјалнo уредот е во продaжба од следниот месец. Претпродажбата е веќе отворена, а сите кој ќе го купат во претпродажба ќе добијат и подароци.
[…] телефон на Samsung досега, Galaxy Note 7 ќе доцни. Гигантот најави дека поради контрола на […]