0 коментари 2 мин. читање 17 август, 2016

Имате слободно време? Посетете го AllDay.com

Во случај да имате минута, час или пак цел ден на располагање како и желба да ја задоволите вашата љубопитна природа, опуштете се со доза информации на All Day.

Статии како на кој начин се користеле кучињата за војни цели, кои десет филма ќе ви помогнат да заборавите на вашата бивша девојка/дечко или пак како се користи магијата на најновата технологија за да се прикаже вистинскиот изглед на историските личности, се само дел од интересните статии што ги нуди овој сајт.

All Day често се обогатува со нови содржини, уредно вметнати во соодветни категории како историја, патување, наука, храна, свет и забава. Едноставно одберете ја вашата категорија и започнете со еуфоричното впивање на конструктивни размислувања.

На прв поглед, All Day остава впечаток на уреден и компактен веб сајт, но загребете под површината и ќе забележите бројни реклами кои го нарушуваат елегантниот приказ на статиите. Особено не ни се допадна цепкањето на подолгите текстови на повеќе страни, сѐ со цел да ве изложат на што е можно повеќе реклами. Но, сајтот мора да заработува од нешто, нели? :)

И покрај ова, All Day ќе знае како да ве заинтересира со интригантните текстови и да потроши голем дел од вашето време. :)

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top