Новите Core Vpro процесори на Intel се заштитени со тројна авторизација

во Хардвер

Intel објави дека шестата генерација на Core vPro е достапна за корисниците. Skylake vPrо серијата доаѓа со подобри перформанси и поголема безбедност, што е најважното нешто што го истакнува Intel.

Новите лаптопи ќе доаѓаат со 2,5 пати подобри перформанси, 30 пати подобри графички перформанси и трипати подолго траење на батеријата, а компјутерот се „буди“ четирипати побрзо во споредба со моделите од пред пет години. Десктоп компјутерите имаат помал скок во перформансите, но 60 отсто подобри перформанси не се занемарливи. Надградбата ќе ги зголеми перформансите, а со тоа на компаниите ќе им заштеди и пари. „Постарите лаптопи можат да ги чинат компаниите 4.203 долари за секои три лаптопи кои ги поседуваат…“, вели Intel.

Ново е и Intel Authenticate како дополнително ниво на заштита преку тројна авторизација. Трите елементи се „нешто што знаете“, „нешто што поседувате“ и „нешто што сте“. Доколку се мислите за што станува збор, првиот дел се однесува на лозинка, вториот пример на USB клуч или паметен телeфон, и последниот дел е отпечаток на прст или ретина скен.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments