Airbus и Uber најавуваат соработка која ќе им се допадне на побогатите корисници. Наместо со такси, двете компании ќе организираат превоз со хеликоптери, а првите летови ќе започнат веќе оваа недела на фестивалот Sundance, јави Wall Street Journal. „Станува збор за пилот проект, ќе видиме како ќе се одвива, но многу е возбудливо“, вели Том Ендерс, директор на Airbus.
UberChopper веќе е тестиран на неколку локации: во Менхетен, но и на Канскиот филмски фестивал, а летовите во Јута и официјално ќе го означат почетокот на сервисот. За разлика од Uber кој можат да си го дозволат најголем дел од луѓето, цената на превозот со UberChopper се движи до неколку десетици илјади долари. Ова ќе го ограничи бројот на потенцијални корисници, но услугата и онака е предвидена како ексклузивна, па заработката нема да доаѓа од бројот на корисници, туку од високата цена.
Соработката со Airbus ќе овозможи превозот да биде со Airbus H125 и H130 хеликоптери. Претходно Airbus креираше фонд во Силициумската долина со чија помош треба да се развијат нови технологии кои ќе и помогнат на компанијата.







