Сплитскиот Agilno создава систем за следење на резултати од лечење со медицинска марихуана

во Вести

Image courtesy of Agilno / YouTube

Strainprint е систем коj на своите корисници ќе им помогне за поефикасно користење на канабис во медицински цели. Сервисот овозможува избор и следење не само на методите и дозирањето, туку и на типот на канабис кој е најдобар за корисникот.

Апликацијата е дело на хрватскиот софтверски стартап Agilno. Сервисот овозможува избор од 2.500 медицински потврдени врсти на канабис и некој од 15 методи на конзумирање. Медицинската марихуана се користи во терапија на 240 медицински состојби и 40 симптоми, пишува Netokracija.

Иако стартапот е од хрватска, главен пазар на сервисот сепак, е Канада и САД. Токму во еден разговор со софтверска компанија на working Holiday, основачот Петар Вуксановиќ се договори со американската компанија за доработка на веќе постоечкиот Weeder, кој оттогаш се ребрендираше во Strainprint.

Целта на сервисот е преку едноставен и јасен приказ на корисниците да им претстави релевантни податоци за лекувањето со канабис. Истовремено и институциите ќе имаат повеќе податоци за методите кои корисниците ги користат.

„Институциите често ги интересираат податоци за процесот кој корисникот го користи за да ги излечи или ублажи симптомите. Крајниот корисник ги произведува овие информации, а институциите ги конзумираат како аналитчки алатки. Од овие податоци тие понатаму носат бизнис одлуки. Во овој сегмент се најбитни визуелизација на податоците и основни алгоритми на машинско учење“, вечо г. Вуксановиќ.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk