0 коментари 1 мин. читање

Новиот Nexus 7 со Android 4.3 ќе биде претставен до крајот на јули

Android Central објави слики и видео од тоа што се чини дека е новиот таблет компјутер на Google, Nexus 7. Не е јасно дали се работи за уред подготвен за продажба или за прототип, но од тоа што може да се види, уредот има малку променет дизајн и има две камери (предна од 1,2 мегапиксели и задна од 5). Има внатрешна меморија од 16 и 32 GB, 2 GB RAM и LCD екран.

Таблетот работи на новиот Android 4.3 Jelly Bean кој ќе биде преставен на 24-ти јули, датум на кој Google закажа настан во Сан Франциско. Се очекува со новата верзија на мобилниот ОС да биде претставен и новиот Nexus 7. Цената, според Android Central, би требало да биде околу 250 долари.

[youtube]HXrcUyCVA6c[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top