Новиот iPhone и Apple Watch ќе имаат Force Touch контроли

во Мобилни

Force Touch e oбид на Apple да воведе повеќе копчиња на малите екрани на iPhone и Apple Watch. Force Touch беше претставен со последниот Mac, но за iOS командата ќе биде поразлична и со друго име – Orb што ќе им овозможи на корисниците неколку нови команди кои претходно беа преголеми за екранот, јави 9to5mac. За разлика од Apple Watch каде екранот ја ограничува примената, на телефоните командата нема да биде на целиот екран туку во околината на притисок.

Една од главните причини за додавање на нова команда е скусување на ланецот на наредби за стигање од еден до друг екран. Еве дел од можностите кои ќе бидат достапни преку Orb: за Maps Orb ќе овозможува со еден клик да добијат насоки за движење до посакуваната дестинација штом таа биде пронајдена на мапата; во Apple Music командата ќе отвора мени на кое корисникот со кликање на песната ќе можр да одбере дали сака да ја додаде во плејлиста или да ја зачува песната на телефонот; на апликациите Оrb ќе овозможи дополнителни нареби, на пример притисок на News ќе отвори мени со извор за перфрлање во Favorites или For You табовите на апликацијата.

Покрај апликациите на Apple, Force Touch ќе биде достапен и за девелоперите кои ќе можат да ја интегрираат командата во своите апликации, вели изворот на 9to5mac кој вообичаено се добро информирани кога Apple е во прашање.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments