DotA 2 International покажа дека YouTube може да биде подобар стример од Twitch

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб

Неодамнешниот DotA 2 интернационален турнир на кој победи американскиот тим Evil Geniuses и освои 6,6 милиони долари, покажа дека YouTube може да се натпреварува со Twitch. Натпреварите се следеa на двете платформи за стримање од фановите на DotA 2, иако овојпат, за разлика од претходните години, најдобротот искуство беше на YouTube. Откако Google го подобри квалитетот на стримот на 1080р со 60fps, YouTube беше еднаков на Twitch. Но тоа што ги разликува се деталите кои во текот на овие преноси беа на страната на YouTube.

„На YouTube може да ги вратите назад стримовите и да прегледате што имате пропуштено претходните два часа. Ова ми овозможи да го следам International 90 минути откако започна и да го имам истото искуство како да го гледам во живо. Всушност често се приклучува подоцна за да имам време и подоцна да можам да ги прерипам паузите помеѓу мечевите“, вели Влад Савов од Verge.

Натпреварите и турнирите во видеоигри како League of Legends и Dota 2 привлекуваат се поголем интерес на публиката што може да се забележи и од повисоките наградни фондови. Иако до пред само неколку месеци се чинеше дека како и со Google+, Google повторно доцни на „забавата“, по неколуте надградби компанијата покажа дека е сериозна кога е во прашање преземање на гејминг приматот од Twitch. Но, конечната одлука останува на корисниците. Дел од нив се навикнати на следење на натпреварите на Twitch ТV каде има попосветена гејминг заедница, па можеби нема да размислуваат на промена на својот „тв канал“. Но доколку YouTube продолжи со подигање на квалитетот на услугата, дел од корисниците без сомневање ќе ја сменат платформата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk