0 коментари 2 мин. читање 11 август, 2015

Google Play ќе добие нова affiliate програма за продажба на музика и филмови

Google, или веќе можеби Alphabet, планира новитет во Google Play со додавање на affiliate програма, налик на продавницата на Apple. Тоа што ќе го овозможи програмата е дополнителен начин за заработка надвор од досегашните реклами и претплати, односно линкoви до страни на кои што се продаваат производи и провизија за секој продаден продукт преку нивниот линк.

Affiliate Network постоеше пред ребрендирањето во Google Play, односно додека продавницата беше позната како Android Market. По ребрендирањето мрежата беше затворена, бидејќи компанијата сaкаше да се фокусира на други сервиси кои ќе нудат повеќе можности за издавачите, потсетува 9to5Google.

Една од причините за враќање на аffiliate програмата, која официјално не е потврдена од Google, можеби е малата заработка од апликациите во споредба со Apple. Google Play заработува околу 70 отсто помалку од AppStore, па можеби единствено изненадување е што компанијата не се одлучи на овој потег порано.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top